Примера: Дерби дуели на екипите од Мадрид и Севиља

Неколку интересни дуели ќе се одиграат во рамки на 13-то коло, во фудбалското првенство на Шпанија.

Во центарот на вниманието ќе бидат пресметките на екипите од Мадрид и Севиља. Реал ќе му гостува на Бетис во сабота, додека ден подоцна Атлетико ќе ја пречека Севиља. Лидерот Барселона, ќе и гостува на одличната екипа на Леванте, а на „Росаледа“ ќе играат шпанските преставници во Лигата на шампиони, Малага и Валенсија.
Тринаесеттото коло во Примера, во петок ќе го отворат Реал Сосиедад и Осасуна.
Сабота, 24.ноември:
Рајо Ваљекано-Мајорка
Ваљадолид-Гранада
Малага-валенсија
Бетис-Реал Мадрид

Недела, 25.ноември:
Еспањол-Хетафе
Атлетик Билбао-Депортиво
Атлетико Мадрид-Севиља
Леванте-Барселона
Колото во понеделник ќе биде комплетирано со одигрување на натпреварот помеѓу Сарагоса и Селта.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: