Премиер лига: Бенитез дебитира против Сити

Пресметката помеѓу Челзи и Манчестер Сити е натпреварот кој ќе го одбележи 13-то коло во англиската Премиер лига.

Натпреварот е од исклучително значење за двата тима кои потфрлија во Лигата на шампиони, Сити е елиминиран, додека Челзи има само теориски шанси да остане во неа.
Европскиот првак, против ’граѓаните’ ќе се обиде да стави крај на серијата од четири натпревари во Премиер лигата, на кои не успеа да победи.
Против актуелниот англиски првак, на клупата на Челзи, ќе дебитира новиот менаџер Рафаел Бенитез, кој по пауза од две години се врати во Премиер лигата.
Сабота, 24.ноември:
Сандерленд-ВБА
Евертон-Норич
Манчестер Јунајтед-КПР
Стоук-Фулам
Виган-Ридинг
Астон Вила-Арсенал
Недела, 25.ноември:
Свонси-Ливерпул
Саутемптон-Њукасл
Челзи-Манчестер Сити
Тотенхем-Вест Хем
Табела: Манчестер С. 28, Манчестер Ј. 27, Челзи 24, ВБА 23, Евертон 20.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: