Кавани: САКАМ ВО ЛИВЕРПУЛ!!!

Според зборовите на агентот на Едисон Кавани, уругвајскиот фудбалер има желба да премине во Ливерпул и да заигра во тој тим во друштво со неговиот колега од репрезентацијата, Луис Суарез.

Говорејќи за јужно-американските медиуми, Клаудио Анелучи, застапникот на напаѓачот на Наполи, откри дека Едисон Кавани размислува за преселба во Ливерпул.

Со 8 погодоци на 11 натпревари во новата сезона и вкупно 49 голови на 64 настапи во дресот на Наполи во изминатите две сезони, Едисон Кавани е еден од најдобрите стрелци во Европа.

Добрата соработка и големото пријателство со напаѓачот на Ливерпул дефинитивно е една од најголемите причини поради што Кавани сака да се пресели на „Енфилд“.

„Не е тајна дека Кавани сака да игра во Англија, Премиер Лигата е неговиот сон, Ливерпул е првиот клуб со кој Кавани сака да разговара, тука е и Арсенал“ изјави Клаудио Анелучи.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: