Хамилтон за милиметар пред Фетел, Алонсо петти

На првиот тренинг во пресрет на последната трка сезонава, Хамилтон беше најбрз со време 1:14:131.

Сонот да во Мекларен кариерата ја заврши со две последователни победи во Светското првенство во Формула 1, започна на најдобар можен начин за британецот Луис Хамилтон.

На првиот тренинг во пресрет на последната трка сезонава за Големата награда на Бразил на патеката Интерлагос, Хамилтон беше најбрз со време од 1:14:131.

Веднаш зад Хамилтон заврши Фетел кој во моментов е водечки на вкупниот поредок, додека трет на тренингот заврши неговиот клубски колега Марк Вебер.

Единствениот кандидат зад Фетел за шампионската титула, Фернандо Алонсо, заврши дури на петтото место на тренингот.

Пронајдете не на следниве мрежи: