ФОТО: Рекордна цена во Менхетен, 100 милиони $ за еден стан

Менхетен може да го победи сопствениот рекорд на цената на имотот, ако сопственикот на станот кој ќе го видите на сликите успее да го продаде, лоциран на островот во Њујорк по цена од 100 милиони долари.

 

Станот на 72 кат во City Spire облакодерот на 56 улица западно од Централ парк зафаќа површина од 750 квадратни метри, па агенцијата Prudential Dougals Elliman го претставува како “скапоцен камен” во 73-катната зграда.

 

Стан со панорамски поглед од 360 степени има највисока тераса во градот со 280 метри квадратни. Уреден е во стил како мешавина на Версај палатата и палатата Роман.

 

Ако продажбата биде успешна, водена од Рафаел Де Ниро, син на актерот Роберт де Ниро, тоа ќе биде нов рекорд за Менхетен. Досега рекордот е 88.000.000 $, кој го има станот, исто така со поглед кон Централ Парк.

Пронајдете не на следниве мрежи: