Проси, а заработува 60.000 $

  

Сигурно секој се сожалува над бездомниците и оние кои просат за парче леб, но изгледа дека некои просјаци заработуваат и многу повеќе од вработените луѓе со покрив над главата – таков барем е случајот со бездомникот Шејн Ворен Шпигл (45), уапсен поради просење на улица, кој пред полицијата на Оклахома Сити во САД изјавил дека минатата година, просејќи, заработил 60,000 долари.

Ако оваа изјава е точна, неговата заработка спаѓа во категоријата на приходи во САД, во која на пример, спаѓаат приходите на архитектите, судските вештаци и компјутерските аналитичари.

Неговата заработка е поголема од просечен годишен приход на американско домаќинство, која изнесува помеѓу 49,000 и 51,000 долари.

“Мрзелив сум и заработувам 60,000 долари годишно. Зошто би барал работа?”, изјавил Шпигл кога полицаецот му пришол и го предупредил дека не смее да стои на раскрсницата без дозвола, со натписот дека бара пари за пат и храна.

Верувале или не, Шпигл на тоа одговорил дека ќе плати 200 долари за дневна дозвола. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: