Се снима филм за Мајкл Хачинс

Поранешниот холивудски сценарист и продуцент Боби Галински најави снимање на долгометражен филма за животот на покојниот харизматичен пејач на австралиската рок група INXS, Мајкл Мајкл Хачисон.

Боби Галински, косценаристот на филмот „Тенката линија на смртта“ од 1990 година на режисерот Џоел Шумахер, ги доби правата на адаптација на биографијата за Мајкл Хачинс под наслов „Just a Man: The Real Michael Hutchence“, што ја напишаа мајката и сестрата на прерано починатиот пејач по неговата смрт.
Филмот би требало да се снима под насловот „Two Worlds Colliding”, според една од песните на INXS, а според австралиското радио ABC, снимањето ќе започне следната 2013 година.
„Сакам да тргнам од неговото детство, и да го прикажам неговиот развој и животен пат, како и почетоците со INXS, и на кој начин пејачката кариера го трансформирала и влијаела врз неговиот личен живот“, вели Галински за ABC. Хачинс, инаку, е роден во австралиската метропола Сиднеј, меѓутоа детството го минал во Хонгконг.
Мајкл Хачинс беше пронајден мртов во хотелска соба во Сиднеј на 22-ри ноември 1997 година, набрзо откако бендот го објави својот десетти албум „Elegantly Wasted“. Според истрагата, причина за смртта самоубиство, најверојатно при авто-еротско задушување, што не е реткост во тој дел од светот. Сепак, околностите останаа нејасни. Неговата пепел по кремирањето е истурена во заливот Роуз Беј во Сиднеј.
Зад себе остави експлозивна кариера и ќерка од бракот со Пола Јејтс којашто по неговата смрт ја усвоија Јејтс и нејзиниот сопруг Боб Гелдоф.
Групата INXS во 1982 година го привлече вниманието на светската музичка јавност со албумот „Shabooh Shoobah“, а во 1987 година го објавува албумот „Kick“ од кој синглот „Need You Tonight“ кој се искачи на првото место на стигна на престижната листа на музичкиот магазин Bilboard.

Пронајдете не на следниве мрежи: