Лени Кравиц ќе го глуми Марвин Геј

Loading...

Познатиот американски музичар Лени Кравиц, доби филмска улога за која најголем дел од музичарите можат само да сонуваат.

Како што пренесува The Sun, познатиот пејач ќе го глуми Марвин Геј во филм посветен токму нему.

Режисер на филмот е Џулијан Темпл, кој е познат по документарниот филм London: The Modern Babylon и Absolute Beginers.

Според најавите, филмот ќе биде многу трогателен. Ќе ги прикаже последните две години од животот на соул пејачот и неговата борба со алкохолот додека живееше во Лондон. 

loading...