Семејството Патисон повторно ја одобри Кирстен Стујарт

Loading...

Како што веќе сите знаеме, Роберт Патисон и прости и се смири со Кирстен Стујарт, откако таа го изневери со женетиот режисер Руперт Сандерс.

 

Но неговите две сестри, Лизи и Викторија, воопшто не беа среќни што Роберт повторно се врати кај неа.

 

Како што посочува изворот на The Sun, на Кирстен и е многу важно повторно да ја добие довербата од семејството на Роберт, но на почетокот тоа не одеше најлесно.

 

Но откако се стишаа сите гласини и прашања за нивниот прекин и потоа за нивната обновена врска, семејството на Роберт повторно ја прифати неговата девојка. Тие дури и го поминаа Денот на Благодарноста со неговото семејство, каде Кирстен им се извинила на двете сестри и сега тие се во подобри односи од било кога, додава изворот.

 

Актерката треба да се појави во новото продолжение на филмот “Снежана и ловецот”, каде и го запозна Руперт, но тој нема да работи на продолжението бидејќи се уште се обидува да го спаси својот брак.

 

loading...