Мензес доби отказ

Челниците на Фудбалскиот сојуз на Бразил, по состанокот одржан во Сао Паоло, му врачија отказ на селекторот Мано Менезес, пренесоа локалните медиуми.

Отказот следува по само два дена откако Бразил, по изведувањето на пенали ја победи Аргентина и го одбрани трофејот во Суперкласико.
Менезес стана селектор во 2010 година, веднаш по завршувањето на Светското првенство во Јужна Африка. Тој на кормилото го замени Карлос Дунга со една единствена задача да формира тим, кој во 2014 година на Мундијалот кој ќе се одржи во Бразил да ја освои светската титула.
Инаку, бразилските медиуми често го критикуваа Менезес поради слабата игра на репрезентацијата, која за време на неговиот мандат доживеа два неуспеси на Копа Америка и Олимписките игри во Лондон.
Како можен наследник на Менезес се споменува Луис Фелипе Сколари, кој во 2002 година на Бразил му ја донесе последната светска титула

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: