Гвардиола ќе биде новиот селектор на Бразил?!

Loading...

Пеп Гвардиола, во следните неколку часа ќе стане селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, пренесува „Marca“ на својата интернет страница, повикувајќи се на бразилските медиуми.

Според изворот на „Marca“, единствено оваа функција Гвардиола бил подготвен да ја прифати веднаш.
Поранешниот шпански репрезентативец пред пет месеци ја напушти Барселона и од тој момент започнаа шпекулациите која ќе биде неговата следна дестинација.
Пред само неколку дена, медиумите го селеа во Челзи, но тогаш неговиот менаџер изјави дека Гвардиола дури по нова година ќе размислува каде би можел да работи.
Фудбалскиот сојуз на Бразил, во петокот, му врачи отказ на селекторот Мано Менезес.

Макфакс

loading...
Loading...