Јуве против Милан и дербито на Сицилија во 14.коло, во Серија А

Дуелот на Милан актуелниот првак Јувентус е дербито во 14-то коло во италијанската Серија А. Покрај овој натпревар, внимание привлекува и дербито на Сицилија помеѓу Палермо и Катанија.

Јувентус иако ќе гостува кај Милан, во дуелот ќе влезе како фаворит, со евентуална победа уште повеќе ќе го оддалечат Милан од борбата за висок пласман. Двете екипи, во пресрет на дербито, направија добра увертира со победите во Лигата на шампиони, по кои изборија пласман во нокаут рундата.

Сабота, 24.ноември:

Палермо-Катанија

Недела, 25.ноември:

Аталанта-Џенова

Киево-Сиена

Пескара-Рома

Сампдорија-Болоња

Торинo-Фиорентина

Милан-Јувентус

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со одигрувањето на натпреварите: Каљари-Наполи, Парма-Интер и Лацио-Удинезе.

Табела: Јувентус 32, Интер 28, Фиорентина и Наполи 27, Лацио 23.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: