Што кога ќе ви заѕвони телефонот среде секс?

Можеме слободно да кажеме дека ова му се случило секому барем еднаш. За момент се сепнувате, но што правите потоа?

Едно британско истражување дојде до заклучок дека дури 33 проценти од 7000 испитаници се јавуваат на телефон за време на сексуалниот чин. Повеќе од половина од овие 33 испитаници велат дека тоа го прават бидејќи најчесто на другата страна од  слушалката е нивната подобра половина.

50 проценти се изјасниле дека никогаш нема да го стиснат зеленото копче на телефонот додека се во спалната соба, бидејќи тоа драстично го намалува нивното расположение и кноцентрација. 

Истражувањето се прошири и на други сегменти од општествениот живот, па така над 50 проценти изјваија дека е во ред да се јавите на телефон ако сте среде венчавка или на романтична вечера, но дури 40 проценти од испитаниците не би кренале слушалака додека се во тоалетот.

Што би направиле вие?

Пронајдете не на следниве мрежи: