Милан ќе прави трампа: Пато за Балотели

Според најавите на одредени англиски медиуми, се шпекулира дека наводно Милан и Манчестер Сити би можеле да направат трампа во која би се нашле двајца млади напаѓачи.

Бомба во зимскиот преоден трансфер период би можела да биде размената на играчи меѓу Милан и Манчестер Сити, Пато за Балотели.

Иако нема официјална потврда за овие шпекулации, сепак менаџерот на Алесандро Пато изјави дека опцијата е сосема отворена.

Враќање на Балотели во Италија се почесто се споменува, а тој своите симпатии кон Милан ги покажуваше дури и кога беше член на ривалот Интер.

Пронајдете не на следниве мрежи: