Батон: Алонсо ја заслужи титулата повеќе од Фетел

Кулминацијата околу овогодинешната сезона во Формула 1 светскиот шампионат ќе се случи во Сао Паоло, а во трката за светската титула останаа само Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо.

Германецот има 13 бодови предност и со самото тоа е фаворит.

Фернандо Алонсо во текот на целата сезона успеа да извози максимум што е можно најдобро од болид послаб од болидот на германецот Себастијан Фетел, па така пилотот на Мекларен, Џенсон Батон мисли дека би било праведно доколку титулата ја освои Алонсо.

„Фернандо е на врвот уште од првата трка и не направи ниту една грешка, константно вози брзо. Секако дека заврши одлична работа со болидот кој му е на располагање. Сепастијан сепак нема континуитет, нема константност во неговото возење, со одличниот болид на Ред Бул беше фантастичен само на неколкуте последни трки. Фернандо беше премногу добар на секоја трка што е неверојатно“ изјави Батон.

Пронајдете не на следниве мрежи: