Филм за животот на Сузан Бојл

По комичниот мјузикл, кој на почетокот на оваа година започна да се прикажува во Велика Британија, притоа постигнувајќи голем успех, најавено е и снимање на филм за животот на Сузан Бојл. 

Очигледно е дека славата на шкотското пејачко чудо не избледува ни три години по нејзиното откривање во музичката емисија “Британија има талент”.

Според списанието “Sun”, педесетгодишната пејачка потпишала договор во Холивуд за снимање на биографски филм. 

За сега не се знае дали Бојл ќе глуми во ова остварување, но сигурно е дека во улога на свој менаџер би сакала да го види Џорџ Клуни. 

“Тоа е само сон, но сепак се работи за Холивуд, па верувам дека се е можно.” – изјавила пејачката. 

Пронајдете не на следниве мрежи: