Забранет пристапот до планината со вонземјани во Франција

Французите забранија пристап до планината за која се верува дека е дом на вонземјани. Поводот за нивната акција е најавениот крај на светот на 21.12.2012 (многумина веруваат дека во календарот на Маите е забележано така). Властите во Франција веруваат дека многу луѓе би започнале да се собираат во селото Бугараш и околу планината на наведениот датум. 

Бугараш се наоѓа на југозападот на Франција, а постои мнозинство луѓе кои веруваат дека мистичната планина покрај селото всушност е база за вонземјани, кои пак, ќе ги спасат луѓето од крајот на светот кој треба да настапи на 21-ви декември. 

Селскиот началник Жан Пјер Делорд истакнал дека во нивното село, кое инаку брои околу 200 жители, веќе минале стотици “езотерични чудаци” кои се надеваат на спас. 

“Планината е преполна со хипици, од кои многумина се голи и само создаваат неред. Тоа воопшто не е смешно. Ако на 21-ви декември овде дојдат 10.000 луѓе, нашето село нема да може да го поднесе тоа.” – вели Делорд. 

Оваа година, еден од споменатите хипици загинал качувајќи се на планината. – “Крајот на светот за него дојде порано од 21.12.” – изјави началникот. 

Регионалниот префект Ерик Фрејселинард наредил затворање на пристапот до планината три дена пред и после 21-ви декември. 

Пронајдете не на следниве мрежи: