Наследникот на Audi R8 на повидок

Претставниците на Audi потврдија дека компанијата размислува за развој на хибрид-дизел суперавтомобил кој би се поставил и над до сега неприкосновениот R8. Моделот би требало да биде конкуренција на McLaren P1, Porsche 918 Spyder и наследникот на Ferrari Enzo, а веројатно ќе го носи името R10. 

Гласините велат дека во овој супер-брз автомобил ќе се најде технологија развиена за најновиот “R18 e-tron”, кој оваа година победи на Ле Ман. Директорот на технолошкиот развој на Audi, Волфганг Дурхајмер, во неодамнешно интервју изјави дека “дефинитивно има простор за спортски автомобил подобар од R8”. Тој напомена дека е уверен дека дизелскиот хибрид би се продавал одлично. 

Доколку биде произведен, се очекува да има моќност од 700 коњски сили, а брзина од 100km/h би постигнувал за 3 секунди. Со таква моќност, највисоката брзина би изнесувала повеќе од 320km/h. 

Пронајдете не на следниве мрежи: