Ријана повторно со гола фотографија на Твитер, но овој пат од Крис Браун

Иако и двајцата не ја потврдуваа инфромацијата дека се повторно во врска, по се изгледа дека повеќе и не се ни трудат да го сокријат она нешто што се обидуваа да остане тајно.

Со споделувањето на фотографија на која нејзините фанови јасно може да го забележат Крис Браун како лежи на нејзиниот кревет полугол, со спуштени фармерки и делови каде неговата долна облека доаѓа до израз, тогаш би можело и повеќе од јасни да бидат претпоставиките.

И додека медиумите сеуште шпекулираат дали се заедно повторно или не, Ријана и Крис по повод Денот на благодарноста во раните утрински часови се забележани како заедно ја напуштаат приредената забава од нивни пријатели, а два дена потоа ги имаме и веќе приложените фотографии на разголениот Крис.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: