Осудени на робија затоа што имале секс во такси

 

Британски пар во 2008 во Дубаи беа прогласени за виновни бидејќи пијани имале вонбрачни сексуални активности на плажа, а две години подоцна друг британски пар е осуден на казна затвор од месец дена бидејќи се бакнувале во ресторан.Британско-ирски пар кој имал секс во такси во Дубаи е осуден на три месеци затворска казна и депортација.

 

Случајот е последен во оваа низа, во која луѓето од Запад се глуви кога станува збор за законите на Соединетите Арапски Емирати. Тоа е резултат на драстичните културни разлики во моментот кога земјата се обидува да пронајде рамнотежа помеѓу муслиманскиот идентитет и подржување на туристичката индустрија.

 

Парот го отфрли обвинението за “кршење на честа' и негираа дека направиле непристоен чин во такси. Парот сепак ја призна вината во врска со конзумирањето на алкохол во јавност.

 

Судот ги осуди на три месеци затвор и депортација, како и на парична казна од 2000 долари.

 

Последниве години во Дубаи се водени повеќе случаи против западњаците кои се обвинети дека ги кршат законите на Дубаи, закони кои се најкосмополитски од сите земји на Обединетите Арапски Емирати.

 

Британскиот пар од 2008 е прогласен за виновен за извршување на сексуални активности надвор од брак на плажа во Дубаи. Осудени биле на три месеци казна затвор, но после жалбата нивната пресуда беше преиначена. 

 

Две години подоцна, друг британски пар беше осуден на казна од месец дена во затвор  за бакнување во ресторан.

 

Британската агенција наведува дека културниот јаз помеѓу муслиманската популација и дојденците е премногу видлив. Од една страна жените од Емиратите од глава до пети се покриени, а жените кои доаѓаат од Запад често шетаат во кратки здолништа, а јавните плажи се преполни со туристи во бикини.

Пронајдете не на следниве мрежи: