Хали Бери со постојана полициска придружба

Ден по непријатната случка помеѓу нејзниот поранешен партнер Габриел Обри, и сегашниот избраник Оливие Мартинез, Хали Бери доби и полициска заштита.

Четириесетгодишната холивудска ѕвезда и нејзината мала ќерка Нала, во петокот по повод прошетката и обврските на ѕвездата беа забележани во центарот на Лос Анџелес.

Автомобилот во кој се наоѓала преубавата актерка со својата ќерка покрај телохранителите на ѕвездата, заштитата била надополнета и со придружба од четири моторциклисти полицајци.

Постојаната полициска заштита на Бери и е доделена по неодамнешниот конфликт на нејзиниот поранешен дечко, манекенот Габриел Обри со кој Хали ја има ќерката Нала, и нејзиниот сегашен вереник Оливие Мартинез.

Пронајдете не на следниве мрежи: