Берлускони демантира: Нема трампа Пато-Балотели!

Претседателот на Милан, Силвио Берлускони, ги демантираше шпекулациите за можна трампа меѓу Милан и Манчестер Сити со Пато и Балотели.

Берлускони не ги крие симпатиите кон напаѓачот на Манчестер Сити, Марио Балотели, а всушност тоа беше поводот да одредени медиуми објават дека „Супер Марио“ би се преселил во Милан, а во таа преселба наводно би бил вклучен и Пато како размена.

„Размена Пато-Балотели? Не сакам размени“ изјави Берлускони.

„Пато дефинитивно не е на продажба, тој е еден од најдобрите наши играчи, Пато има сериозни шанси да стане икона на овој клуб во наредните години. Сепак, за жал, неговите чести повреди претставуваат проблем, но мораме да се грижиме за него“ беше коментарот на Берлускони.

Пронајдете не на следниве мрежи: