„Хет-трик“ за Фетел: Ова е неверојатно, не знам дури ни како се викам

Германскиот Формула 1 возач Себастијан Фетел од Ред Бул ја одбрани титулата во светското Формула 1 првенство по последната трка која се возеше во Бразил.

Фетел на оваа трка го освои шестото место, сепак тоа му беше доволно да го освои првенството.

Во драматична трка која почна како најголем кошмар за Фетел, а заврши со солзи радосници за Фетел. Германецот го сруши рекордот на Еиртон Сена и стана најмладиот трикратен шампион во Формула 1.

„Тешко ми е да опишам како се чувствувам, не знам ни како се викам. Ме тресе адреналинот и сега да ме боцнете ништо не би почувствувал. Добро е што не сте ме слушнале како плачев по радио“ изјави Фетел.

Пронајдете не на следниве мрежи: