Дневен хороскоп – 26.11.2012

Loading...

Дневен хороскоп за 26.11.2012 – понеделник.

Овен
Ќе бидете многу активни и ќе се трудите да ги исполните сите планирани обврски. Сепак, работите поврзани со пари нема да ви одат од рака бидејќи вашите фондови се многу испразнети. Сакате да се дружите но ќе го одбирате друштвото во кое вие ќе го водите главниот збор. Не треба да очекувате од сите да ви се поклонуваат. Бидете внимателни, бидејќи постои голема можност да влезете во големи и сложени конфликти.

Бик
Во изминатиот период сте работеле многу напорно и сакате конечно малку да застанете, да се одморите и да уживате во некои мали нешта. Денес се чувствувате убаво, расположени сте и се препуштате на работите што ви причинуваат задоволство. За некои тоа ќе биде времето поминато со партнерот а за некои големо друштво. Здравјето ви е одлично но внимавајте на исхраната.

Близнаци
На работен план мислите дека можете се, но внимавајте, зошто може да направите голема грешка. Ако успеете сите работи да ги вршите како што треба, тогаш патот за унапредување ви е отворен.  Постојат шанси да заминете на некое патување. Што се однесува до финансиите, тука не е се лошо како што ви изгледа. Треба да се потрудите само малку повеќе да штедите. Односот со партнерот ви е стабилен и добар.

Рак
Некои ситуации ќе ви донесат дополнителни проблеми. Иако кризата е од објективен карактер и се однесува на деловната соработка, сепак ќе влијае врз вашиот приватен живот. Бидете попустливи во односите со семејството и партнерот, иако знаеете дека сте во право. Потребна ви е поддршката и разбирањето од другите. Пронајдете алтернативни решенија на проблемите. Во овој момент успехот и тешкотиите се нераскинливо поврзани.

Лав
Многу сте напнати и немирни, па дури делувате деструктивно и сметате дека во секој миг ќе направите уште поголема грешка. Денес одбегнувајте донесување на важни одлуки, бидејќи лесно можете да згрешите. Избегнувајте ја комуникацијата со околината, разјаснете ги недоразбирањата со партнерот и посветете му се нему. Здравјето ви е добро.

Девица
Имате потреба од искрен и отворен разговор со некоја личност пред која без страв ќе можете да ги отворите своите тајни. По разговорот ќе се чувствувате полесно и подобро. Ќе зрачите со оптимизам и поголема доверба во луѓето. Вечерта ќе сакате да ја минете во добро друштво и интересна забава. Здравјето ви е кревко, внимавајте на него.

Вага
Денес ќе мора да донесете многу важна одлука, по која ќе почнете да се движите во нова насока. Ќе имате многу можности и ситуации кои ќе ви нудат унапредување во професионалната кариера. Не се плашете од обврските што следуваат, ќе имате поддршка во нивното исполнување. Подобрете ја вашата кондиција и поминете повеќе време со патнерот. Треба да му се одолжите за се што направил за вас.

Скорпија
Ќе пробате да се фокусирате на работата и вашето здравје бидејќи сметате дека овие работи ви се слабост. Во семејството ќе ви се случат значајни пормени и затоа не се оптеретувајте со работи кои не можете да ги направите. Оставете времето да ја избрише болката и маката. Побарајте помош од други и дружете се повеќе со луѓето околу вас.

Стрелец
Добро се чувствувате и добро пристапувате кон работните обврски и проблеми. Ќе имате помали кризни ситуации во комуникација со околината, особено со родителите. Не треба да дозволите расправиите да ви го расипат доброто расположение и мирот во семејството. Не потпаѓајте под влијание на партнерот. Финансиската состојба ви е лоша, најдете алтернативна заработувачка.

Јарец
Денес многу добро ќе коминицирате и ќе се снајдете во секојдневните обврски. Односите со претпоставените ќе ви бидат напнати, па најдобро е да избегнувате деловни состаноци. Не реагирајте на секоја провокација, бидејќи кавгите нема воопшто да ви помогнат. Љубовниот живот ви е на завидно ниво, и уживајте во него. Денес, посветете му се на партнерот и заедничките моменти.

Водолија
Многу сте бавни, но ќе ги извршите неопходните обврски за денес. Максимално се вложувате и знаете да бидете работливи. Слободното време најмногу го користите за интелектуално унапредување и излегување со вашите пријатели. Тие што се во брак треба да приредат романтична вечера за да ја зачините врската.

Риби
Нема да ви се допадне веста што ќе ја слушнете од колегите во врска со нивните активности кои се случиле без ваше знаење и дозвола. Иако се трудите да ја дознаете причината, работите само ќе се ископмплицираат. Не дозволувајте ова да ви го расипе денот и да дојде до лутина или емоционална криза. Љубовната состојба ви е значително подобрена. Можна е авантура или флерт со некоја стара љубов.

loading...