Кејт Мос како секси Шпањолка

Loading...

Британската манекенка Кејт Мос ги воодушеви сите во зимскиот едиторијал на шпанското издание на магазинот 'Vogue'…

 

Таа во списанието се појавува во улога на секси Шпањолка.

Заносната Кејт во едиторијалот дава впечаток на девојка со жешка крв, блескајќи во креациите со потписот на Диор, Шанел, Џамбатиста Вали, Валентино, Алексис Мабил и Живанши.

Фотографиите ги сними Марио Тестини, а Кејт позираше со лепези и уште еднаш докажа дека има многу лица и лесно може да се трансформира.

loading...