(Видео) Најлошиот хотел на светот е во Амстердам

Ова е еден од најлошите хотели во светот! Барем така тврди менаџментот на хотелот “Hans Brinker Budget” во Амстердам, Холандија. 

Валканите соби и тоалети, недостатокот од топла вода и можноста да се разболете поради нехигиенските услови се само некои од непријатностите со кои ќе се сретнете ако се одлучите да преноќите таму за 22.5 долари од личност. 

Дури и самите сопственици на хотелот се оградуваат, така што ги предупредуваат своите гости на се што ги чека ако се одлучат на престој во нивниот хотел. Меѓутоа, ова морате да го земете со голема доза на резерва; ако го погледнете нивниот веб сајт, ќе видите модерен дизајн, па не е тешко да се заклучи дека ова е всушност одличен маркетиншки потег на менаџментот. 

“Оние кои сакаат да престојуваат во овој хотел, тоа го прават на своја одговорност. Нема да превземеме вина ако дојде до труење со храна или разни болести.” – наведено е на една табла во хотелот. 

Сепак, сопствениците на хотелот се горди што се работи за објект во нивна сопственост, бидејќи, како што велат тие, тоа ги прави први и препознатливи во нешто, па макар и да е тоа во конкуренцијата за најлош хотел во светот. Колку пари имаат заработено до сега на ваквиот концепт не можеме да знаеме, но веројатно е дека не се малку, со оглед на тоа што Амстердам е преполн со хипстери од целиот свет. 

Пронајдете не на следниве мрежи: