Девојче мора дневно да пие 6 чаши млеко за да остане живо

Холи Линдли (9) од Англија е девојче кое мора секој ден да пие по 6 чаши млеко и тоа само за да опстане. Деветгодишната Холи имено има пореметување на метаболизмот на гликоген, што значи дека нејзиното тело не може да ја претвора храната во енергија.

 

Бидејќи лек за ова пореметување сеуште не е пронајден лекот, таа пред да си легне мора да испие чаша млеко со 5 лажици пченкарно брашно за да не падне во кома. Пченкарното брашно содржи скроб кој на бавен начин ослободува енергија која во текот на ноќта ја одржува во живот.

 

Мајката на девојчето, вели дека пред три години кога започнало лечењето на Холи таа потрошила 2000 фунти само на млеко.

 

Добро е што Холи сака да пие млеко, но не сака баш секоја вечер. Сепак таа знае дека сето тоа е за нејзино добро.Лекарите ја поставија дијагнозата на оваа ретка болест пред три години, кога Холи колабирала додека била дома. Таа била во многу тешка состојба, а првиот нивен сосед успеал да ја оживее.

 

Докторите забележале дека крвната слика на Холи е многу лоша и заклучиле дека таа боледува од ретка болест која погодува еден од три милиони луѓе. Нивото на енергија во нејзиното тело мора да биде постојано набљудуван, па затоа нејзината мајка ја буди на секои два часа за Холи да изеде едно парче тост.

 

За Холи да биде здрава и да остане жива, таа секој ден мора да испие по 6 чаши млеко. Како што расте, на неа ќе и бидат потребни повеќе извори на енергија, па затоа бројот на чаши млеко кои таа ќе мора да ги испие во денот ќе мора да се зголеми.

 

Иако во почетокот им било навистина тешко, сепак Холи сега е навикната да го пие млекото со пченкарно брашно. Не и се допаѓа единствено кога тоа ќе стигне до дното и ќе се згусне.

Пронајдете не на следниве мрежи: