Виланова: Првенството не е решено

Тренерот на Барселона, Тито Виланова, смета дека битката за шампионската титула сè уште не е готова. Каталонците по 13 одиграни рунди во Примера, имаат огромни 11 бодови повеќе од Реал Мадрид.

„Првенството не е завршено. Прво затоа што мина една третина од првенството, а второ поради тоа што Атлетико Мадрид е силен тим и се наоѓа веднаш зад нас. Има уште многу да се игра – последен пат кога имавме 11 бодови предност над Реал, моравме да одиме на победа во Мадрид“, вели Виланова.
„Атлетико одлично го започна првенството, што не е никакво изненадување, бидејќи одлично играа во финишот на минатото првенство. Сепак јас сакам да се сконцентрираме само на нашите игри“, рече тренерот на Барселона.

Макфакс

читајте пулс24
Пронајдете не на следниве мрежи: