Најдолгиот збор на светот има 189.819 букви и се изговара 3,5 часа

Изговарањето на гигиантскиот протеин кои инаку се нарекува titin, или подобро познат како connectin, е вистинска ноќна мора за сите оние луѓе кои страдаат од hippopotomonstrosesquippedaliophobia, односно од страв на долги зборови.

Сепак науката е чудо. Не само што ни овозможува подобро да го разбереме материјалниот свет во којшто живееме, притоа помагајќи ни да ги совладаме природните прилики прилагодувајќи ги според нашите желби и замисли, воедно ни помага и во откривањето на феномените кои  добиваат имиња кои би ги сместиле во рубриката за верувале или не, и тоа само по основа на својата должина и големина.

Целосното хемиско име на најголемиот познат хемиски протеин во светот има 189.819 букви и се смета за најдолгиот збор во било кој јазик. За да целосно би се изговорил овој збор потрбени се цели три ипол часа.

Затоа и изговарањето на целосниот назив на овој гигантски проетин познат под името titin, или connectin, кој се состои од 244 индивидуално поврзани домен протеини надоврзани со преостанатите секвенци од самиот состав на протеинот, претставуваат вистински хорор за оние луѓе кои се плашат од долгите зборови.

 

Извор: Telegraf

Пронајдете не на следниве мрежи: