8 важни тестови за здравјето коишто можете да ги направите и дома

Некои луѓе ги избегнуваат превентивните медицински прегледи или бидејќи немаат време, или поради стравот од доктори. Но, самите можете да направите неколку тестови со кои ќе добиете информации за здравјето. Овие методи ќе ви помогнат да откриете дали е време да се обратите кај експерт или сосема сте во ред.
1. Ендокрин систем


Еден од најголемите показатели на здравјето е големината на вашата половина. Па, измерете го обемот на околу 2,5 центиметри над папокот. Ако сè е во ред, кај жените големината би требало да биде не повеќе од 86 центиметри, а кај мажите не повеќе од 101 центиметар. Луѓето со поголема половина имаат 5 пати поголем ризик да добијат дијабетес тип 2. Властите во Јапонија во 2008-ма година одлучиле да донесат закон со кој ги обврзуваат луѓето со голем стомак да посетуваат посебни сеанси за слабеење.
2. Мозок
Потребен ќе ви биде празен лист хартија, пенкало или маркер и помош од пријател. Нацртајте часовник и кажете му на пријателот да ви каже колку е часот со часови и минути. Потоа нацртајте ги стрелките така што ќе го покажуваат кажаниот час. Тестот вклучува многу процеси во мозокот. Деловите одговорни за движење на рацете и визуелната перцепција работат повеќе, па затоа неможноста да се нацрта часовник и стрелки може да биде знак за деменција.
3. ‘Рбет
Потребни ќе ви бидат две ваги. Застанете со левото стапало на едната, а со десното на другата вага. Тежината и на двете треба да биде отприлика иста. Ако има голема разлика помеѓу резултатите, тоа може да покажува дека вашиот колк е изместен. Најдобро е да го посетите лекарот.

4. Респираторен систем
За овој тест ќе ви биде потребна штоперица. Застанете и мерете си го пулсот 30 секунди. Потоа седнете и вдишете 3 пати без издишување. Држете го воздухот колку можете повеќе и бројте го времето. Со издишувањето проверувајте го пулсот 30 секунди.
Резултати:
Ако не можевте да го држите воздухот повеќе од 40 секунди, можеби респираторниот систем не ви е во ред. Просечните броеви се од 40 до 49. Ако можете да го држите воздухот повеќе до 50 секунди, вие сте во одлична форма.
Пресметајте го пулсот со следнава формула: Резултатот треба да биде разлика помеѓу бројот на отчукувања 30 секунди пред тестот и 30 секунди по тестот. Ако добиете 1, 2 или помалку, во ред е. Ако добиете поголем број, можеби на вашиот кардиоваскуларен систем му е потребен повеќе кислород.


5. Коски
Погледнете ги вашите нокти. Ако се рапави и испукани или имаат бели дамки, тоа не е само козметички проблем. Оваа состојба можеби покажува дека вашето тело нема доволно витамин Б, железо или дека постои зголемен ризик од остеопороза.
6. Вид
Гледајте 30 секунди во прозорец, па затворете ги очите. Отворете го левото око, затворете го, па отворете го десното око. Ако сликата и на двете очи е замаглена и линиите повеќе не се паралелни, тоа може да биде знак за макуларна дегенерација или губење на видот.
Можете да направите уште еден тест во близина на паркинг. Оддалечете се од кој било автомобил 20-тина метри и обидете се да ја прочитате регистарската табличка. Ако не можете, најдобро е да посетите лекар.
7. Слух


Обидете се да слушнете што зборуваат луѓето на растојание од 5-6 метри. Ако не можете да разберете ништо, најдобро е да одите на лекар. Важно е да знаете дека овој метод не функционира на бучни места. Во кафетерија со гласна музика не можете да ја слушнете ни личноста до вас.
8. Црн дроб


Погледнете се во огледало во кое можете да го видите целото ваше тело. Дали има слој сало над вашата половина? Тоа се масти околу црниот дроб што не му дозволуваат правилно да работи.
Од друга страна пак, и пожолтените белки во очите, масното ткиво (особено на очните капаци) и обложениот јазик се симптоми дека нешто не е во ред со вашиот црн дроб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.