8 начини како пристојно да раскинете

Никогаш не е лесно да се раскине врска и најверојатно би дале сѐ само да го одбегнеме тој последен непријатен разговор. Сепак, постојат начини како пристојно да раскинете и кога веќе сте решиле вие да бидете оној кој ја прекинува врската, да не ве паметат по лошо.

Стиснете заби и кажете што имате да кажете. Тоа е најпристојниот и најзрелиот начин да се разделите, иако можеби ќе ви делува многу примамливо да ги искористите можностите на современата технологија само да за го одбегнете разговорот во четири очи. Бидете пристојни кон личноста со која сте биле и ви значела сѐ на светот и постапете човечно, кога веќе сте одлучиле да раскинете.

Немојте да бидете подли и да се однесувате одвратно за да ја натерате другата страна да ви раскине, за да не бидете вие „лошиот“ во приказната. Тоа е дефинитивно една од поужасните работи што може да му ги направите на некој кој сте го сакале и кој ве сакал вас. Подобро е да ги објасните причините зошто сакате да раскинете наместо да го доведете другиот во ситуација да ви раскине бидејќи вие сте се претвориле во личност што не ја препознава.

Немојте да изчезнете. Можеби ви звучи ненормално, ама и исчезнувањето од животот на другиот се користи како „метод на раскинување“, особено ако врската е уште на почеток. Како би ви било вам ако некој едноставно ви исчезне од животот и не дознаете што било тоа што не „штимало“ во врската?

Не раскинувајте преку порака. Можеби на прв поглед ви делува како добра идеја бидејќи имате можност непрекинато да се изјасните кои се вашите причини, но ова е уште еден класичен начин на одбегнување. Без разлика колку време сте биле заедно,  ѝ должите на другата личност барем разговор очи во очи.

Бидете искрени. Кажете ја вистинската причина зошто раскинувате, колку и да звучи банално или страшно. Сигурно и вие би сакале да знаете зошто некој ви раскинува.

НИКОГАШ немојте да вмешувате други луѓе. Без разлика дали сте имале афера што траела Х време, нема потреба да ја спомнувате во раскинувањето. Причината зошто раскинувате не е бидејќи сакате некој друг, туку бидејќи веќе не го сакате човекот со кој сте во врска.

Бидете јасни и одлучни. Или раскинувате или не. Не постои трета опција.

Дозволете му на другиот да биде лут. Можеби ќе има и викање и некој лош збор за крај, но оставете го другиот да каже што има да каже. Можеби раскинувањето му било последното нешто на памет кога сте рекле дека сакате да разговарате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.