По некое чудно правило, професиите со кои славните личности се бавеле пред да станат актери, пејачи и слично, се навистина необични. Прочитајте што овие 8 ѕвезди работеле пред да станат познати.1.Бред Бит бил маскота на ресторан за брза храна
Можете ли да го замислите еден од најзгодните актери во костим на кокошка? Тој секое утро морал да го облече овој костум и да ги убедува луѓето да јадат кај „Лудото Пиле“.
2.Вупи Голдберг била шминкерка… во мртовечница.
Пред да стане една од најдобрите комичарки, професијата на Вупи и не била баш смешна. Таа требало починатите да ги „дотерува“ за нивното последно патување.
3.Шенинг Татум бил стриптизер
Се прашувате зошто Татум беше толку убедлив во улогата на стриптизер во филмот „Магичниот Мајк“? Одговорот лежи во неговата професија која ја работел пред да стане актер. Така е, Татум бил стриптизер пред да заплива во актерските води.
4.Џин Сајмонс бил учител во градинка
Навистина е неверојатно само да замислите пејачот на метал-бендот Кис да ви ги подучува децата в градинка. Но сепак тоа било пред неговата музичка кариера, и сигурно децата кои ги подучувал сега се многу горди на него.
5.Метју Меконаги бил чистач на кокошарници
За среќа тоа било само привремена работа, инаку светот немало да го има еден од најталентираните актери. Метју ова го работел додека студирал. Речиси на секој студент му требаат повеќе пари за да ги истурка деновите, па така се доведува да работи што-било.
6.Џорџ Клуни продавал чевли
Иако неговата професија не звучи необично, замислете како би било во некоја продавница Џорџ Клуни да ви дава совети за чевли, па и да ви помогне да ги пробате и обуете. Тоа сигурно би биле најскапоцените чевли во вашиот живот.
7.Роб Стјуарт бил гробар
Роб работел со покојните пред да стане музичар. Искрено, не знаеме како и колку копањето гробови му помогнало да се провлече во шоу бизнисот.
8.Кристофер Вокер скротувал лавови
Може да се каже дека ова и не не изненадува многу. На некој начин се очекува така издржлив човек како Кристофер, кој со сите работи од до крај, да скротува диви животни, па и царот на џунглата.1.Бред Бит бил маскота на ресторан за брза храна
Пронајдете не на следниве мрежи:



