„Фулеко“ официјална маскота на Мундијалот во Бразил

Loading...

Светската фудбалска федерација (ФИФА), соопшти дека официјалната маскота на Мундијалот во Бразил ќе го носи името Фулеко.

По пат на интернет, во изборот на името на маскотата учествувале 1,7 милиони Бразилци, од кои 48 отсто се изјасниле за името Фулеко. Името преставува комбинација од скратените португалски зборови ’футебол’ и ’екологија’.
Заштитниот знак на Мундијалот во 2014 година е загрозената ретка врста на бразилскиот мравојад (армадиљо).
Фуелко ќе биде во боите на бразилското знаме – жолта, зелена и сина.
Светските првенства во фудбал, за прв пат маскота добија во 1966 година, кога домаќин била Англија. Тогашната маскота била лавот Вили.

Макфакс

loading...
Loading...