Сообраќајот во државата се одвива во зимски услови!

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија Пат.Забрана за движење на тешки товарни возила има на  планинскиот премин Плетвар, како и на патните правци Маврово – Дебар и Кочани – граничен премин Делчево.
 Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце, а поради наноси од снег во прекин е сообраќајот на патниот правец Прилеп – Витолиште.
Сообраќајот отежнато се одвива на патниот правец Куманово – Крива Паланка  поради наноси од снег.
Патниот правец Свети Николе-Куманово кој беше во прекин поради снежни наноси од 04:50 часот е прооден за сите видови возила
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.Забрана за движење на тешки товарни возила има на  планинскиот премин Плетвар, како и на патните правци Маврово –

Пронајдете не на следниве мрежи: