Страмачони со пофалби за Нагатомо

Тренерот на Интер истакна дека е прзадоволен од игрите на јапонецот во дресот на екипата на Интер, Нагатомо.

Јуту Нагатомо ги круниса добрите настапи за екипата на Интер потпишувајќи договор со оваа екипа. Во минатата сезона јапонецот играше како позајмен играч од Чезена.

Јапонецот е незаменлив член во првата сезона во екипата на Интер, подеднакво добро ги одработува задачите на позицијата лев бек и во средниот ред од левата страна.

„Тој константно напредува, се подобар и подобар е. Неверојатно е тоа колку е вреден овој фудбалер, секогаш е спремен да сослуша и се труди секој сегмент да го доведе до перфекција. Има мали проблеми во играта со десната нога, но и во тој поглед напредува“ изјави Страмачони.

Пронајдете не на следниве мрежи: