Зарате во Премиер Лигата?

Loading...

Фудбалерот на Лацио веќе долго време не успева да се врати во форма, а во зимскиот преоден трансфер-период би можел да се пресели во Англиската Премиер Лига.

Имено, 25-годишниот Мауро Зарате веќе играше во Англија во 2008-мата година а го носеше дресот на Бирмингем Сити кога на 14 натпревари постигна 4 голови.

Фудбалерот кој во последно време не може да ја врати својата вистинска форма, ниту во дресот на Интер, ниту во дресот на Лацио, би можел да си оди од екипата на Лацио.

„Зарате го пратат клубови од Англија, некои веќе и сериозно се распрашуваа околу него. Во прашање се Стоук, Ливерпул и Арсенал за кои верувам дека своето интересирање ќе го интензивираат во јануари“ изјави Хозе Алберти, агентот на Зарате.

loading...