Ибрахимовиќ „лобира“ за Бекам

Златан Ибрахимовиќ лобира за Дејвид Бекам да се пресели во тимот на Париз Сент Жермен.

Дејвид Бекам наредниот месец ќе биде слободен играч откако неодамна објави дека ќе го напушти тимот на Лос Анџелес Лејкерси.

Париз Сент Жермен веќе тргна во акција да го освои мошне драгоцениот потпис на англичанецот. Карло Анчелоти неодамна изјави дека би сакал да го види 37-годишниот фудбалер во својот тим, а на таа изјава на Анчелоти се надоврза и напаѓачот Златан Ибрахимовиќ.

„Сигурен сум дека Бекам е премногу баран и дека ќе има премногу понуди од сите страни, но верувам дека приказната околу ПСЖ му е сосема интересна и сигурен сум дека неговите амбиции би се вклопиле со клубските. Сигурен сум дека сеуште сака да освојува трофеи, така да ова е вистинската средина за него“ изјави Ибрахимовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: