Торес сака во Шпанија

Без оглед на доаѓањето на тренерот со кој успешно соработуваше во Ливерпул, Фернандо Торес наскоро сепак би можел да си оди од Челзи.
Доаѓањето на Рафа Бенитез се анализира низ призмата на „помош“ за Фернандо Торес, обидувајќи се да го вратат шпанскиот напаѓач во форма која го красеше во тимот на Атлетико Мадрид и Ливерпул.
Како што и се очекуваше, моментални промени немаше, Рафа дебитираше со неубедливо реми, а Торес одигра уште еден лош натпревар во дресот на Челзи.
Бенитез по натпреварот јавно истакна дека не му била целта да изгради екипа која ќе се сконцентрира на индивидуалните квалитети на Фернандо Торес, и дека не дошол токму поради тоа на „Стемфорд Бриџ“, но, сепак таквата изјава донесе нови шпекулации во англиските медиуми.
Како што пренесуваат медиумите од Англија, Фернандо Торес е под се поголем притисок со доаѓањето на Рафа Бенитез на клупата на Челзи, па сега Торес наводно би сакал да си замине од овој тим.

Пронајдете не на следниве мрежи: