Фудбалерите на Наполи стигнаа до второто место на табелата во Серија А, максимално користејќи ги поразите на Јувентус и Интер.
Наполи како гостин на Сардинија, минимално го победи Каљари. Стрелец на единствениот гол беше Марек Хамшик во 73-та минута, голот со кој на својата екипа и донесе три бода беше шести за Хамшик во тековната сезона.
Наполи на овој меч играше без Пандев и Кавани.
Интер, неочекувано загуби во Парма и ја испушти можноста да му се доближи на само еден бод на лидерот Јувентус. Сансоне на 15 минути до крајот го постигна единствениот гол на мечот.
Макфакс
читајте пулс24