недела, 15 ноември 2026
Најново

Роботска змија која изгледа како да излегла од “Терминатор”

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На работ на базенот оваа роботска змија не делува посебно опасно, но откако беше пуштена во водата и “оживеа”, таа делува како да е навистина “среќна” што е во своето природно опкружување. Би можело да се каже и дека изгледа како главен лик во застрашувачка сцена од некој научнофантастичен филм. 

Роботската змија на јапонската компанија “HiBot” се движи низ водата со благи движења, па воопшто не е тешко да ја замислите во “Терминатор” или некој сличен филм, каде таа се прикрадува до своите непријатели и брзо и прецизно ги убива. Но, Јапонцијата и замислија многу подобра иднина. Роботксата змија, која тие ја развиваат веќе неколку години, на својата глава има безжична камера, а според нивната замисла, таа е идеална за истражување и трагање во подводна околина. 

Роботот со 9 модули е долг 1.75 метри и тежок околу 8 килограми, а покрај камерата, Јапонците би можеле да вградат и други сензори. 

Поврзани вести