Испливала вистината – Американците сакале да ја бомбардираат месечината

Во тајниот проект чии детали неодамна беа откриени, САД планирале да фрлат нуклеарна бомба на Месечината во 50-тите години на минатиот век, за да ја демонстрираат својата сила за време на Студената Војна. 

Проектот наречен “Студија за истражување на летовите на Месечината” бил познат и под името “Проект А119”, а никогаш не бил спроведен, но бил замислен како средство за заплашување на Советскиот Сојуз по лансирањето на Спутник 1, кој бил демонстрација на технолошката моќ на Русија. 

Глетката на големата нуклеарна експлозија која би била видлива од Земјата била наменета да ја подигне самодовербата на граѓаните на САД, изјавил физичарот Леонард Рајфел. Нуклеарната бомба би била лансирана од летало од непозната локација, а би предизвикала голема експлозија која би била видлива од Земјата. Денотацијата би била резултат на атомска бомба, со оглед на тоа дека водородна бомба би била претежок товар за леталото кое би требало да ја пренесе до Месечината.

Астрономот Карл Саган, кој бил советник во “NASA” во текот на 50-тите, бил задолжен за пресметките, а еден од неговите биографи тврди дека тој го прекршил договорот за сигурност кога овој доверлив проект го открил на Академијата за Наука во 1959 година. Рајфел, кој своевремено бил заменик на директорот на “NASA” и одговорна личност за нуклеарните прашања во организацијата за истражување на наоружувањето, ги потврдил овие информации. 

Мисијата била откажана од безбедносни причини. Американците се плашеле од радиоактивниот материјал кој би ја загадил вселената и можноста бомбата прерано да експлодира, со што би биле загрозени животите на луѓето на Земјата. Проектот формално бил откажан во јуни 1959 година. 

Пронајдете не на следниве мрежи: