Вградете ботокс во лицето ако сакате да бидете беспрекорен покер играч

Естетски хирург во Њујорк неодамна воведе програм за вградување на ботокс и фацијални дополнувања за да им помогне на луѓето кои играат покер да сокријат било каква емоција која на нивните противници би можела да им помогне да ги откријат картите кои ги држат во рацете. 

Доктор Џек Берди е уверен дека бројот на потенцијални клиенти е огромен, па затоа го смислил системот “покертокс” како начин да ја поврзе својата глад за профит со страста за коцкање. 

“Со моите клиенти прво ќе разговарам за тоа што тие мислат дека им е најголемиот проблем во реакцијата кога ќе добијат добри или лоши карти. Ако сметаат дека ги креваат веѓите, тогаш ќе се сконцентрираме на тоа. Главно, ги средувам само оние делови од лицето кои претставуваат проблем.” – вели докторот. 

Доктор Берди вели дека всушност постои голем број несевесни сигнали кои ги праќаме во текот на една партија покер, но тврди дека неговиот програм може да ги реши сите проблеми. Тој вели дека “покертокс” може да помогне и при блефирање така што ќе се постави во оние делови од лицето кои сугерираат дека играчот има нешто што всушност го нема. 

Иако проектот е стар само неколку недели и до сега овој доктор има само еден пациент, Берди е убеден во својот успех. 

“Ова е природна примена на работата во која се наоѓам веќе долго време, на начин на кој никој до сега не работел.” – вели тој, додавајќи дека бројот на луѓе кои беспрекорно ја владеат играта е многу мал. Оние кои ќе тргнат по неговиот пат можеби ќе го зголемат тој број, па покерот ќе стане уште потешка игра. 

Пронајдете не на следниве мрежи: