Ролинг Стоунс казнети 250.000 евра

Loading...

Ролинг Стоунс се казнети неверојатни 200.000 фунти или скоро 250.000 евра бидејќи нивниот концерт во О2 арената во Лондон траеше 35 минути подолго од предвиденото време.

 

“Тоа е голема парична казна за, а момците само си ја вршеа својата работа. Таму не постоеше чистач со клучеви во раката кој велеше дека сака да си замине дома!” – изјави за јавноста агентот на бендот Бернард Доети.

 

Но според пишувањата на британските медиуми, Стоунси нема ни да ја почуствуваат оваа парична казна со оглед на целиот приход што ќе го добијат на оваа турнеја со која обележуваат 50 години на сцената.

 

Да напоменеме дека ова не е првпат да се случи нешто вакво во Лондон. Имено, поради подолги концерти од планираното, во лондонскиот Хајд Парк беа казнети Пол Макартни и Брус Спрингстин. 

 

loading...