Џејк од “Two and a half man”: Не ја гледајте серијата, таа е безбожна глупост!

Деветнаесет годишниот глумец Ангус Џоунс, познат на јавноста како внукот на Чарли Шин од серијата Два ипол мажи, реши да го смени својот начин на живот и со тоа на сите им порача да не ја гледаат серијата во која тој глуми. Тој на своите обожаватели им препорача да не ја гледаат серијата Два ипол мажи бидејќи била полна со безбожна нечистотија која се коси со неговите религиски, пред се христијански верувања.

 

“Глумам во серијата, но не сакам да бидам дел од неа. Иако луѓето тврдат дека тоа е само забава, според најновите истражувања, зачудувачки е колку телевизијата и сериите можат да влијаат врз вас и вашиот мозок. Затоа ви препорачувам веднаш да се откажете од неа и да престанете да ја гледате.” – изјави младиот актер и притоа додаде дека и Сотоната е поврзн со се тоа.

 

“Ако нанесувам на некого зло, не сакам да бидам дел од тоа веќе! Не сакам да бидам дел од непријателскиот план. Не можам да бидам Божји човек и да глумам во ваква серија. Тоа се коси со моите верувања и со Библијата” – заклучи Џоунс, кој се сврте кон религијата откако настапи тешкиот период во неговиот живот – алкохол, дрога и брзо возење.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: