Нина Бадриќ се разведува поради неверство од сопругот?

Хрватската пејачка Нина Бадриќ која неодамна ги потпиша документите за развод со нејзиниот неодамнешен сопруг Бернард Красниќ, во интервју за хрватската емисија  “Red Karpet” конечно преговори за своите чувства, притоа нагласувајќи дека не би сакала да знае што навистина се случувало со нејзиниот сопруг во изминатите два месеци.

Имено според неофицијалните информации кои беа пласирани во јавноста, Нина со својот сопруг Бернард по 12 години врска и шест години брак, реши да стави крај на приказната заради досега сеуште непозната трета личност.

Но, според дадените изјави за хрватската емисија, Бадриќ истакнува дека сите претходно објавени информации во јавноста се сосема неточни нагласувајќи дека е свесна за потребата на медиумите да ја дознаат вистинската причина, но дека сепак тоа би требало да остане нејзин интимен момент.

Сепак од друга страна домашните медиуми веќе шпекулиаат дека Бадриќ е во врска со белградскиот водител Иван Ивановиќ, кои исто така неодамна се разведе.

Извор: BLIC Oniline

Пронајдете не на следниве мрежи: