Зошто Пеп Гуардиола ќе заврши во Манчестер Јунајтед

Доаѓањето на Пеп Гуардиола на клупата на Челзи отсекогаш било проблем. Зошто тренер кој имаше толку добар доверлив однос со Барселона би ја ризикувал својата репутација во клуб кој приредува револуции секогаш кога сопсвеникот Абрамович ќе “стане на лева нога”. 

Како што е секогаш случај со Челзи, куповната моќ на Абрамович покренува шпекулации, но, да претпоставиме дека парите воопшто не се фактор кај Пеп. 

Не можете да купите секого. 

Парите нема да го намамат Меси во Манчестер Сити или ПСЖ. Парите нема да да го натераат Сер Алекс Фергусон последните години од својата кариера да ги мине во анонимен кинески клуб, дури и кога станува збор за огромни бројки. 

Гуардиола веќе се откажа од било каква заработка оваа сезона со тоа што зема една сезона надвор од светот на фудбалот заминувајќи во Њујорк. Тој во мај месец им објасни на новинарите дека му треба одмор, откако ја напушти Барселона, најдобриот тим на планетата. Гуардиола не остави впечаток на човек кој е воден од желбата за пари. 

Сепак, Абрамович мисли дека неговиот паричник е доволно длабок. Според Daily Mail, Челзи во октомври по втор пат доживеа неуспех во обидот да го доведе Гуардиола на клупата. 

Истиот весник тврдеше дека Гуардиола изјавил дека Челзи е “неговиот клуб од соништата” на почетокот на ноември – додавајќи на тоа дека тој бил восхитен од начинот на кој Роберто Ди Матео ги водел своите фудбалери. Бил голем обожавател на Мата, Хазард и Оскар (или популарно познати како Матазар), фудбалерите од средината на теренот на Челзи. 

Потоа дојде отказот на Ди Матео. Абрамович го постави својот деветти тренер со назначувањето на Рафа Бенитез и го избрка од кормилото човекот кој пред само 6 месеци го одведе Челзи до европскиот фудбалски трон. 

Навивачите на Челзи се спротивставија на новиот тренер и сопственикот минатата недела. Во меѓувреме, нивниот тим одигра многу монотон натпревар против Манчестер Сити. Челзи е во опасност да стане првиот тим кој ја напуштил Лигата на Шампионите во групната фаза само една сезона откако ја освоил истата. 

Одеднаш, гласините дека Гуардиола ќе седне на клупата на Челзи станаа помалку уверливи. Не беше изненадување изјавата на Daily Mail неколку дена подоцна, каде тие велат “Гуардиола ќе ги ислуша сите понуди во моментов, но кога станува збор за англиските клубови, тој сигурно ќе ги фаворизира клубовите од Манчестер поради нивната стабилност. Тоа што го виде во Челзи сигурно го разочарало.”

Можеби Челзи сепак не бил неговиот клуб од соништата? Какво изненадување… 

Од клубовите од Манчестер, Јунајтед е подобриот кандидат. Не само поради нивната историја и довербата што му ја укажаа на Фергусон во последните 26 години, туку поради тоа што филозофијата на Манчестер Јунајтед е блиска до онаа на Барселона. 

Барса е фудбалско семејство. За време на победата од 4-0 против Леванте, тие имаа 11 фудбалери од сопствената академија на теренот. Челзи може да се пофали само со Рајан Бертранд од 16-те играчи кои одиграа 0-0 против Манчестер Сити. Сити беше без Мика Ричардс, нивниот единствен “пораснат” фудбалер. 

Во таа смисла, Јунајтед – иако клубот не е на нивото на кое беше во раните 90ти години – многу повеќе потсетува на околината во која Гуардиола работеше во Барселона, кога ја кроеше историјата на светскиот фудбал. 

Но сево ова се протега многу пошироко од развојот на млади фудбалери и сопственици со долгорочни визии. Ако Гуардиола се враќа во фудбалот – нека биде тоа големо враќање – а што би можело да биде поголемо од превземање на кормилото од големиот Сер Алекс Фергусон, во клуб кој има романтична визија за фудбалот која се совпаѓа со фудбалската филозофија на Пеп. 

Гуардиола веќе ги одби парите на Челзи. Да се одбие наследството на Сер Алекс Фергусон би било многу потешко. 

Пронајдете не на следниве мрежи: