Во Италија уапсен српски фудбалер

Италијанската полиција соопшти дека го уапсила фудбалерот Алмир Гегиќ, кој е осомничен за местење на натпревари.

Гегиќ е српски државјанин, тој решил да се предаде, откако речиси една година бил недостапен за италијанската полиција.
Полицијата се сомнева дека 33-годишниот фудбалер бил главната врска помеѓу налогодавачите од Азија и италијанските фудбалери.
Гегиќ, во текот на својата кариера настапувал за Нови Пазар, Виченца, Анталија, Кошице, Пухов, Татран и швајцарскиот Кјасо.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: