Пешиќ нов тренер на Баерн Минхен

Трофејниот кошаркарски тренер, Светислав Пешиќ е нов тренер на минхенски Баерн.

Поранешниот тренер на Црвена ѕвезда, 63-годишниот Пешиќ со екипата потпишал договор до крајот на сезоната.
Од клубот официјално не ја потврдуваат оваа информација, но во текот на денот е закажана прес конференција на која ќе бидат соопштени сите детали.
Пешиќ, летово со репрезентацијата на Германија обезбеди пласман на Европското првенство во Словенија. Инаку, Статутот на Кошаркарската федерација на Германија не дозволува селекторот во исто време да има и клупски ангажман.
Амбициите на Баерн, чии спортски директор е синот на Пешиќ, Марко, се да стане сериозен клуб, како што тоа е случај со фудбалскиот клуб, но на почеток на сезоната во домашното првенство има пет победи и осум порази.
Искусниот тренер во кариерата ги има тренирано Босна, Алба, Барселона, Лотоматика, Џирона, Динамо Москва, Валенсија и Црвена ѕвезда.
Со репрезентацијата на Германија во 1993 година стана првак на Европа, европска и светска титула има и освоено со репрезентацијата на СР Југославија во 2001 година (ЕП во Турција) и 2002 (СП во Индијанаполис, САД

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: