петок, 13 ноември 2026
Најново

Богатството на DJ Tiesto – причина за да станете дел од оваа професија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доколку сеуште сте скептични кога би било во прашање дали DJ- ството  е сериозна работа која би ви овозможила некој сигурен приход и иднина, можеби како едно благо убедување би било кога би дознале колку всушност заработуваат оние луѓе за кои ова нешто претставува покрај вистинско задоволство и работа која е дел од нивното секојдение.

Forbes ја објави својата листа на најбогатите светски DJ – личности меѓу кои убедливото прво место го завзеде добро познатиот DJ Tiesto со вкупна заработка од 22 милиони долари за 2011 година.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Иако се наоѓа на шестото место од листата на најбогати DJ-и, суперѕвездата на електронската денс музика Deadmau5, покрај направената проценка на имотот од 11 милиони долари, изјави дека во изминатите неколку години истоимената цифра е за неколку пати зголемена благодарение на постојаната работа и вложување.

Проценките на Forbes се засноваат на бројот на настапи според кои се смета дека ниеден од наведените DJ не добива парична сума со цифра помалку од 100.000, како еден вид на хонорар, како и продадените изданија и авторски права кон светски познатите хитови.

Во прилог погледнете  ги кои се останатите најбогати обожаватели на вртењето на грамофонската плочамеѓу кои се вбројуваат и Sweedish House Mafia, David Guetta,Kaskade и многу други.

Поврзани вести