Валенсија се спасува финансиски

Шпанскиот фудбалски клуб Валенсија би можела да биде финансирана од богат бизнисмен од Коста Рика кој јавно обелодени интересирање да го преземе клубот.

Некогаш еден од најсилните клубови во Примера Дивизија се наоѓа во незавидна позиција, Валенсија има долгови кои изнесуваат околу 370 милиони евра поради што премногу паднаа во секој поглед, па дури и застана проектот за новиот стадион во кој овој тим сакаше да инвестира нови 150 милиони евра.

Спас за Валенсија би можел да го донесе бизнисменот од Коста Рика, Марио Алварадо Ороско, кој поднесе официјална понуда со цел превземање на клубот.

„Проектот кој го поддржуваме е во склопот со желбите и идеите на луѓето од Валенсија, навивачите на овој клуб, и креиран е во внимателни околности во последните неколку месеци со цел клубот да се врати на местото каде што припаѓа“ се вели во соопштението од тимот на Марио Алварадо Ороско.

Пронајдете не на следниве мрежи: